Планирањето на ресурсите на претпријатијата (ERP) претставува софтвер што организациите го користат за управување во секојдневните деловни активности како што се сметководство, набавки, управување со проекти, управување со ризик и усогласеност на операции во синџирот на снабдување. Комплетниот ERP пакет вклучува и управување со перформансите на претпријатието, софтвер кој помага во планирањето, буџетирањето, предвидувањето и известувањето за финансиските резултати на организацијата.

Апликативен софтвер

ERP системите поврзуваат мноштво деловни процеси и овозможуваат проток на податоци меѓу нив. Со собирање на споделени трансакциски податоци на организацијата од повеќе извори, ERP системите го елиминираат дуплирањето на податоците и обезбедуваат интегритет на истите.

Денес ERP системите се клучни за управување со илјадници бизниси од сите големини во сите индустрии. За овие компании, ERP е исто толку неопходен како и електричната енергија.


Како овие решенија можат да управуваат со секојдневните деловни активности на организациите, како што се сметководството, финансиите, набавките, управувањето со проекти, синџирот на снабдување и производството?

Системите за планирање на ресурсите на претпријатијата се комплетни, интегрирани платформи, кои управуваат со сите аспекти на бизнисот базиран на производство или дистрибуција. Понатаму, ERP системите ги поддржуваат сите аспекти на финансиското управување, човечките ресурси, управувањето со синџирот на снабдување и производството.

ЕРП решенија

ERP системите исто така обезбедуваат транспарентност во Вашиот целосен деловен процес со следење на сите аспекти на производството, логистиката и финансиите. Овие интегрирани системи делуваат како централна точка на бизнисот за работниот тек, овозможувајќи пристап до различни одделенија.

ERP системитот поддржува повеќе функции низ претпријатијата, средните или малите бизниси, вклучително и прилагодувањата за вашата индустрија.


како компанија нуди целосна интеграција на системи, како и кастамизации / прилагодувања на решенија според Вашите потреби. Исто така обезбедуваме 24 часовна поддршка како и доработки на веќе изработени решенија. Генерално нашиот развој се движи во насока на Вашите барања и наши предлози, а со цел воспоставување комплетно автоматизирани, брзи, лесно кориснички и прецизни процеси.

За дополнителни информации контактирајте ги нашите продажни агенти на телефоните означени во footer или закажете состанок / презентација со пополнување на формуларот во продолжение.

Ви Благодариме за интересот!